Ракомет

ПО ПЕТ ГОДИНИ, КРИЛО СЕ ВРАЌА ВО ПРИЛЕП!

Поранешниот младински репрезентативец, десното крило Пеце Рајатовски (Голден арт) е новото засилување за машкиот ракометен суперлигаш Прилеп. Практично ова е негово враќање во клубот, каде одигра во сезоната 2017/18. Битолчанец е, има 29 години, а освен во Голден арт и Прилеп има играно за Струга и косовскиот Кастриоти.

Летово е плодоносно за клубот Прилеп, по генералното спонзорство на компанијата Комфи ангел.  Претходно пристапија играчите – средниот бек Црногорецот Драган Јелушиќ (Искра Бугојно – Босна и Херцеговина), голманот Давид Ацевски (Јуниор КВ), пикерот Томче Трајчевски (Радовиш) и левиот бек Никола Цветаноски (Струга), а пристигна и нов тренер, шеф на Стручниот штаб -битолчанецот Божидар Мојсов.

Стартот на подготовките е кон крајот на јули.

Од категоријата

РЕМИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ СЕКУНДИ!

Зоран Иге

МИНУС 22 ВО САЛАТА ВО БИТОЛА!

Зоран Иге

ДОМАЌИНИТЕ ПОДОБРИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе