Ракомет

(фото) ПРИЛЕП ДОНЕСЕ ПЕТ ЗАСИЛУВАЊА, И УШТЕ ЌЕ НОСИ!

Вечерва во салата од СОУ “Ристе Ристески – Ричко” се одржа првиот собир на машкиот ракометен суперлигаш Прилеп. Покрај шефот на Стручниот штаб Божидар Мојсов со асистентите, дваесетината ракометари, присуствуваа членови на клупскиот УО. Собирот го поздрави и градоначалникот д-р Борче Јовчески.

Од она што беше кажано, постои оптимизам спроти претстојната сезона, задоволство од донесените пет засилувања –  голманот Давид Ацевски (Јуниор КВ), средниот бек Црногорецот Драган Јелушиќ (Искра Бугојно – Босна и Херцеговина), пикерот Томче Трајчевски (Радовиш), левиот бек Никола Цветаноски (Струга) и десното крило Пеце Рајатовски (Голден арт). Меѓутоа, списокот од играчкиот кадар не е конечен и има најава за уште неколку нови играчи.

Покрај шефот на Стручниот штаб Божидар Мојсов, нов е и тренерот на голманите Тони Димоски.

Од категоријата

МЕЧ ЗА РАЗДЕЛБА НА ПРИЛЕПСКАТА ПУБЛИКА СО КУЗМАНОСКИ

Зоран Иге

СТРУЖАНКИТЕ ПРЕСИЛНИ

Зоран Иге

ВЕЧЕРВА РАКОМЕТ И КОШАРКА НА ИСТО МЕСТО ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе