Фудбал

ПОБЕДА ЈА ОДРЕДИ ЦЕНАТА НА ВЛЕЗНИЦИТЕ

В сабота (17 ч.) стартува Втората фудбалска лига, а во тие рамки и мечот во Прилеп, Победа – Тетекс. Секогаш кога е почеток на првенството, без оглед во кој ранг, прилепските фудбалски љубители ги полнат трибините со намера да видат со кои квалитети располага Победа, што може да се очекува во поглед на амбициите, пласманот на табелата. А за фудбалските љубители е значајна веста дека цената на влезниците останува непроменета во однос на минатата сезона – 100 денари. Тоа е, практично, цената која децении со ред е најприсутна за влез на прилепскиот стадион. Некои коментираат дека рангот е понизок (второлигашки наместо прволигашки), но треба да се има предвид и тоа дека цените на сите производи се зголемени. Имајќи ги предвид сите околности, клубот се одлучил за оваа цена. За споредба, на некои прволигашки натпревари во неделата (како АП Брера Струмица – Вардар) влезот чинеше 200 денари.

Влезниците ќе се продаваат пред почетокот на мечот, пред Градскиот стадион „Гоце Делчев“.

 

Од категоријата

ПОБЕДА СО НОВ ТРЕНЕР НА СОБИР В ПОНЕДЕЛНИК!

Зоран Иге

ИГРАШЕ ЗА ПОБЕДА, СЕГА И ДАДЕ ГОЛ НА ЧЕШКА!

Зоран Иге

(фото, состави, стрелец) ВО ПРИЛЕП КЛУЧНА 84. МИНУТА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе