Фудбал

ОД ПОБЕДА ОДИ НА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО!

За Алекс Константино Горгиовски е чудно што не е познат за нашата јавност, но тој е фудбалер кој ќе учествува на Светското првенство до 17 години во Индонезија. Интересно е и тоа што тој вчера стана член на прилепска Победа, за која има одиграно еден пријателски натпревар – дома со Пелистер. А на Светското ќе оди во составот на Нов Зеланд, земја каде е роден. Тој има двојно државјанство – македонско и новозеландско.

Се работи за многу млад играч, со 16 години (на 2 септември полни 17) и игра во средниот ред. Во Победа доаѓа од Беласица, а претходно има настапувано за скопските Кул здравје, Работнички и Македонија ЃП.

Светското во Индонезија е од 10 ноември до 2 декември.

Од категоријата

ВО ПРИЛЕП ГОСТУВА КОЖУФ ЗАСИЛЕН СО СЕДУММИНА!

Зоран Иге

ШТО НАТАМУ?

Зоран Иге

ПРИЛЕПСКИ ЕКИПИ ВО ДРУШТВО НА ЗВЕЗДА, ПАРТИЗАН, ДИНАМО…!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе