Фудбал

ОСМИОТ НОВ Е ГРОЗДАНОСКИ

Во екипата на Победа, како што беше најавено, дојде напаѓачот Дарко Грозданоски, досегашен член на Беласица.  Всушност, се враќа во прилепскиот клуб, каде одигра во сезоната 2021/22. Тој е осми нов, ако земеме предвид дека претходно на пријателските натпревари настапија: голманот Иван Николоски (Беласица), одбранбените Мартин Талески, Валентин Белески (Питу Гули) и Христијан Кукески (Караорман), за врска Константино Горгиовски (Беласица), напаѓачите Филип Димоски (Детонит) и Беким Алимоски (Питу Гули).

Првиот првенствен меч е в сабота (17 ч.) на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, Победа – Тетекс.

 

Од категоријата

ДЕНЕСКА А. ПАНДЕВ ПРВПАТ НА ГРАДСКИ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

НА ПОВИДОК ОДГОВОРОТ КОЈ ЌЕ БИДЕ ТРЕНЕР

Зоран Иге

В СРЕДА ПОБЕДА СО НОВИОТ ТРЕНЕР!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе