Точно три недели течат подготовките на РК Прилеп за претстојната сезона во Супер лигата на Македонија. Се одработува фазата за уигрување, низ пријателски мечеви. Така, веќе утре (среда) во 19 часот е пријателскиот дуел на Прилеп со битоскиот суперлигаш Еурофарм Пелистер 2. Убава можност за прилепските ракометни љубители првпат летово во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ да го видат на дело засилениот тим на Прилеп, предводен од тренерот Божидар Мојсов.
Ова е втор тест, по пријателскиот меѓународен во неделата во Лесковац, каде со 39:28 победи домашната Дубочица.