Фудбал

(фото) УБАВИТЕ ГОЛОВИ ВЕТУВААТ!

Утре (сабота) е втората рунда од Втората фудбалска лига на Македонија. Прилепските фудбалски љубители вниманието го насочуваат кон Куманово каде е дуелот Башкими – Победа. Прилепскиот тим стартуваше со 5:1 над Тетекс, кумановскиот со 1:0 врз Охрид.

Прилепските очекувања пораснаа по премиерниот меч Победа – Тетекс. Тие што беа на стадионот „Гоце Делчев“ сведочат за шесте убави гола и одбранетиот пенал. Во 1. минута со глава на вистинското место погоди Филип Димоски, а на 2:0 зголеми Дарко Грозданоски во 13. Тетекс го направи поинтересен дуелот кога намали на 2:1 преку Матео Софијаноски во 36 м. Во второто полувреме гол од слободен удар даде Јорданчо Наумоски во 74., а Анатолиј Петејчук откосо зголеми на 4:1 во 77. Следеше одбранет пенал на голманот Иван Николоски, за да следи последен гол на мечот, од слободен удар од 35 метри на Филип Спиркоски во 90. минута.

ВТОРО КОЛО (сабота 19 август, 17 ч): Башкими-Победа, Охрид-Караорман, Вардар (Н)-Кожуф, Скопје-Детонит, Аресими-Саса, Пелистер-Новаци, Беса-Беласица, Тетекс-Осогово.

 

Од категоријата

ПОБЕДА СИГУРНО ОПСТАНУВА?

Зоран Иге

ЧУДНА ЛИГА НА НАЦИИ: АНГЛИЈА ГУБИ КАКО ДА Е ЛИХТЕНШТАЈН!

Зоран Иге

ВРИЕЖ ВО КАВАДАРЦИ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе