Фудбал

(фото) ДВА ПЕНАЛА, ГРЕДА И ЧЕТИРИ ГОЛА!

Екипата Цевитана со 3:1 беше подобра од Истатов, на пријателски меч денеска во Прилеп. На Градскиот стадион „Гоце Делчев“ сите возбудувања беа главно во првото полувреме. Домашниот тим поведе со голот на 16-годишната Ана Боризоска. Од пенал на 2:0 зголеми 17-годишната Михаела Настовска, а гол со удар од далечина околу 25 метри под пречката постигна пак 16-годишна девојка, штипјанката Никица Трендова за недостижни 3:0. Во второто полувреме, дури во финишот, во 88. минута Истатов намали на 3:1 преку Стефанија Ристова.

Гостинките имаа уште шанси, но претходно несовладлива беше домашната голманка, Босанката Иман Шљиво. Еднаш топката удри во гредата од нејзиниот гол, а при шутот од пенал топката прелета над пречката. Ова беше втор тест за Цевитана, по тој со битолски Топ гол, добиен исто со 3:1. Екипата од тренерите Катерина Милеска и Диме Аџулески со подготовки од еден месец го очекува стартот на прволигашкото првенство на 26 август, со Шкендија во Тетово. 

Во Првата женска фудбалска лига се 10 тима: Цевитана (Прилеп), Шкендија и Љуботен (Тетово), Речица (Куманово), Топ гол (Битола), Тиверија (Струмица), Саса (Каменица), Ас унитед (Струга), Скопје и Истатов (Скопје).

 

 

Од категоријата

(фото+состави+видео) ПРИЛЕП: ТОПКАТА НЕ САКАШЕ В ГОЛ!

Зоран Иге

(резултати, стрелци) ЛИДЕРОТ ДО ПОБЕДА ВО 86. МИНУТА!

Зоран Иге

(фото, резултати, стрелци) ГОСТИТЕ СЕ ИЗНАДАВАА ГОЛОВИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе