Зачестија турнирите во Прилеп. Неодамна беше Меѓународниот фудбалски турнир „Прилеп куп 2023“, а претстојниот викенд на ред се два. Првиот е Меѓународниот меморијален ракометен турнир „Миле Нешковски“ во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“. Почнува утре (петок) и ќе трае до понеделник.
Вториот е кошаркарски турнир, поточно баскет-турнир под името „КГЈ 3х3“, име кое открива дека ќе се игра на кош на отвореното игралиште пред ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“. За да биде се регуларно , за вечерните натпревари е обезбедено силно светло од рефлектори, а за публиката да ужива, околу теренот ќе бидат поставени монтажни трибини. Натпреварите се во три категории: младинци до 18 години, сениори над 18 и ветерани над 40.
Двата турнира се загревање за претстојните првенства – Супер лигата во ракомет и Втората лига во кошарка.