Зад нас е првиот ден од Осмиот меморијален ракометен турнир „Миле Нешковски“ во Прилеп. Во салата од СОУ “Ристе Ристески – Ричко” се одиграа четири меча: Еурофарм Пелистер 2 – Пролет 12:22, Скопје – Дубочица 24:36, Прилеп – Струга 29:24 и Кокс – Мулти есенс 26:29. Како што може да се види, најубедлива беше Дубочица, минатогодишниот победник на турнирот.
РАСПОРЕД ЗА САБОТА: 13 ч. Еурофарм Пелистер 2 – Мултиесенс, 15 ч. Дубочица – Струга, 17 ч. Прилеп – Скопје и 19 ч. Кокс – Пролет.