Деновиве во Младинската школа од Фудбалскиот клуб Победа е вклучен Христијан Сркески. Тој, со оглед на тоа што веќе има Б-лиценца, ќе биде во улогата тренер на голманите. Се работи за познато име и презиме во фудбалската јавност. Сркески (има само 31 година) и самиот потекнува од оваа школа на Победа, за во сезоната 2009/10 да биде дел од сениорскиот тим во Првата лига на Македонија. Во кариерата има настапувано за повеќе други клубови, како Шкупи, Миравци, Кожуф, Хедис за мал фудбал, Преспа…
Во Младинската школа на Победа веќе работат повеќе тренери со пинерите, кадетите и младинците, а според кординаторот Кире Овезоски, можно е приклучување на уште еден нов стручњак.