Второ коло од Првата женска фудбалска лига и веднаш дерби, Цевитана – Скопје. Се игра денеска (17 ч.) на игралиштето со вештачка трева во Прилеп. Претходно Скопје постигна триумф дома со 5:0 врз Истатов, а Цевитана во Тетово со 4:0 ја совлада Шкендија. Денешниот дуел во Прилеп го суди Боби Величков (Велес), му помагаат Ангела Домазетовска (Битола) и Љупчо Клинкаров (Градско), а контролор е Зоран Николовски (Скопје).
ДВОЈКИ ОД 2. КОЛО: Цевитана – Скопје, Топ гол – Истатов, Ас унитед – Шкендија, Љуботен – Саса, Речица – Тиверија.