Викендов почнуваат првенствата во Супер лигата за млади категории фудбалери. Во 1. рунда е соседското дерби Победа – Пелистер. Денеска (сабота) од 10 часот играат кадетите, од 12 младинците – во Битола, а утре (недела) помладите пионери од 10, постарите пионери од 12 часот – на вештачката трева во Прилеп.
ДВОЈКИ ЗА 1. КОЛО: Пелистер – Победа, Македонија ЃП – Скопје, Работнички – Тетекс, Брера – Беласица, Шкендија – Брегалница, Вардар – Шкупои.