Почна Супер лигата на Македонија за млади категории фудбалери. Во 1. рунда беше соседското дерби Победа – Пелистер. Прво, во Битола, одиграа кадетите, со резултат 3:3. За Пелистер стрелци беа Лука Лисолајски 2 и Леонид Стојановски од пенал, а за Победа – Андреј Петрески и Салим Арифи 2. Во дуелот на младинците Пелистер дома победи со 3:0, с головите на Јовица Христовски, Иван Каревски и Стефан Спировски од пенал.
На мечевите во Прилеп, се сретнаа пионерите. На дуелот за помладите пионери, Пелистер победи со 2:1, со двата гола на Петар Трајчевски, додека единствениот за Победа го даде Давид Паскоски од пенал. На мечот меѓу постарите пионери, Пелистер победи со 3:0, а стрелци беа Христијан Јовановски, Алек Сиваков и Иван Иванов.
РЕЗУЛТАТИ, помлади пионери: Победа – Пелистер 1:2, Скопје – Македонија ЃП 0:1, Тетекс – Работнички 2:6, Беласица – Брера 0:6, Брегалница – Шкендија 1:3, Шкупи –Вардар 6:0. Постари пионери: Победа – Пелистер 0:3, Скопје – Македонија ЃП 0:4, Тетекс – Работнички 0:5, Беласица – Брера 1:6, Брегалница – Шкендија 2:1, Шкупи –Вардар 2:2. Кадети: Пелистер – Победа 3:3, Македонија ЃП – Скопје10:0, Работнички – Тетекс 2:0, Брера – Беласица 6:1, Шкендија – Брегалница 1:0, Вардар – Шкупои 3:0. Младинци: Пелистер – Победа 3:0, Македонија ЃП – Скопје 15:0, Работнички – Тетекс 8:1, Брера – Беласица 0:0, Шкендија – Брегалница 1:1, Вардар – Шкупои 3:0.
СЛЕДНО 2. КОЛО: Победа – Шкендија, Скопје Шкупи, Брегалница – Вардар, Беласица – Пелистер, Тетекс – Брера, Македонија ЃП – Работнички.