Фудбал

ПОБЕДНИКОТ НА КУПОТ ОД ОФС ПРИЛЕП СЕ ОТКАЖА!

Неодамна во ФФМ се одржа ждрепка со двојки за 16-финалето од Купот на Македонија,  каде се очекуваше да бидат два тима од ОФС Прилеп – доскорешниот прволигаш Победа и победникот на Купот на ОФС Прилеп – третолигашот Питу Гули од Крушево. Меѓутоа, само Победа беше во ждрепката и за ривал го доби третолигашот Јанг тим во Струга, на 20 септември, додека Питу Гули воопшто го нема меѓу екипите. Екипата која освои пехар, по победата во финалето од 3:0 над Стрела, се откажа од натамошното учество во Купот. Дознаваме дека имало најмалку две причини за откажувањето – заминувањето на неколку квалитетни фудбалери, како и големите трошоци само за еден куп-меч, кои клубот не е во можност да ги обезбеди.

Екипата Питу Гули се посветува на третолигашкото првенство од 17 септември, кога е мечот дома со Марена.

 

Од категоријата

(резултати, состави) МНОГУ ШАНСИ И ДИРЕК ЗА БОД НА ПОБЕДА!

Зоран Иге

ВИКЕНДОВ ФУДБАЛ НА СЕДУМ ТЕРЕНИ НИЗ ПРИЛЕПСКО!

Зоран Иге

ТРИ-ЧЕТИРИ ЗАСИЛУВАЊА ЗА ПРВО МЕСТО!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе