На тренинзите на Победа има нови фудбалери, кои не беа во периодот кога се одиграа четирите првенствени кола од Втората фудбалска лига. Станува збор за Игор Паноски (се враќа по куса пауза, а играше за тимот во претходната прволигашка сезона), Христијан Поп-Антоски (повратник од Македонија ЃП) и Леонид Кофиловски (по санирање на повредата се приклучува на екипата). Тројцата ја засилувааат конкуренцијата во одбраната и средниот ред.
Сениорската екипа на Победа,со поглед кон првенстеното дерби со Беласица во Струмица на 16 септември, денеска одигра тренинг-меч со младинскиот тим.