Екипата Прилеп со 28:27 го совлада скопски Бутел, во 1. коло од Б-групата на ракометната Супер лига на Македонија. Во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“се водеше голема борба. На полувреме гостите водеа со 13:11, а имаа водство и пред крајот, прво со три разлика, потоа со 27:25. Домашните со три гола во серија стигнаа до бодовите. Во следното 2. коло Прилеп е гостин на Пролет во Скопје.
СУПЕР ЛИГА 1. КОЛО ОД Б-ГРУПА: Пролет – Вардар Н. 35:21, Мултиесенс – Голден арт 25:26, Прилеп – Бутел 28;27, Вардар С. – Еурофарм Пелистер (17 септември).