В недела е стартот на Б-групата од Општинската лига на ОФС Прилеп, со овие двојки на 1. рунда: Црвена ѕвезда (Сенокос) – Корзо (Прилеп), Мукос (Дреновци) – Кадица (Забрчани), Боротино – Гарван (Десово), Кадино – Прилеп сити, Динамо (Мажучиште) слободен. Особено е интересен настапот на Корзо, нов клуб кој ја продолжува историјата на некогашниот со исто име, кој остави трага и во Втората лига. Во последната сезона 2012/13, пред фузијата со Шкупи, на второлигашката табела беше деветто место, а последниот првенствен меч го одигра на 28 мај 2013, кога дома со 2:0 го совлада тимот Баби од Штип. Корзо тогаш настапи со: Сркески, Димитриоски, Шалевски, Гелов, Рушаноски, Карчески, Дамески, Анастасов, Марковски (85. Ќушкоски), Мижоров (78. Бошкоски), Гешоски (65. Ивановски), а тренер беше Зоран Штерјовски. Во прилог е последниот записник:
Општинскиот фудбалски сојуз на Прилеп организира и А-група од Општинската лига, со овие двојки на 1. коло за 24 септември: Влазними јуниор (Пресил) – Пролетер (Прилеп), Стрела (Ерековци) – Обршани, Напредок (Крушеани) – Тризла (Прилеп), Млекар (Мало Коњари) – Братство (Големо Коњари).