Фидемајсторот Роберт Велески го освои второто место на меѓународниот шаховски еднодневен турнир „Блиц за сениори 2023“ во Струга. Прилепчанецот е највисоко пласиран од петтемина македонски претставници, меѓу 27 учесници од 12 држави. Велески е веднаш до фаворитот, победник на турнирот, велемајсторот Еркел Кит од Англија. Тој е прв со 8,5 поени, втор е Велески со 8, колку што има и третиот Сашо Симјановски од Скопје. Велески загуби две партии (од фидемајсторите Адолф Денк од Австрија и Ханс Вотер од Германија), ремизира двапати (со победникот ВМ Еркел Кит од Англија и ИМ Сандра Дукиќ од Србија), а победи на седум партии (со Кристер Лагеборг од Шведска, третопласираниот Сашо Стојановски и со ФМ Александар Кралевски од Македонија, Сигфрид Зерфенинг од Австрија, ФМ Сулејман Суљовиќ од Србија, ФМ Виктор Плоткин од Канада, Фатмир Бујупи од Косово),
Во Струга се одржува Светско сениорско шаховско првенство за шахисти над 50 години, на кое Македонија е претставена со клубот Алкалоид од Скопје, во чиј состав се петмина велемајстори: Кирил Георгиев, Трајко Недев, Влатко Богдановски, Звонко Станојоски и Роландо Кутиров.