Бившиот двократен европски шампион, скопски Вардар, гостува утревечер (сабота) во 18,30 часот во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“на дуел со домашниот Прилеп, во 4. рунда од Б-групата на ракометната машка Супер лига. Ракометните љубители се надеваа, а клупскиот Управен одбор на РК Прилеп одлучи и на овој привлечен меч влезот да биде слободен. Актуелниот македонски вицешампион е фаворит (има три есенски победи – над шампионот Еурофарм Пелистер, Бутел и Пролет). На Прилеп е да даде што посилен отпор, по поразот од Пролет, победите со Бутел и најновата со неготински Вардар (30:22).
ПРИЛЕП: Ацевски, Јордановски, Кастратовиќ, Рајатовски, Адамчески, Бикоски, Ангелески, Крстески, Велески, Бурчески, Квастек, Цветаноски, Шабановиќ, Имнадзе, Трајчевски. Тренер: Божидар Мојсов.
ВАРДАР: Аларов, Георгиевски, Карапалевски, Томовски, Јасухира, Родригез, Лазаревски, Срдановиќ, Николиќ, Петриќ, Ѓукиќ, Виктор, Ќосевски, Мело, Мишевски, Гогов. Тренер: Стојанче Стоилов.
ТАБЕЛА: Вардар С. 9, Еурофарм Пелистер, Пролет, Прилеп и Голден арт по 6, Бутел 3, Вардар Н. и Мултиесенс 0.