Фудбал

(фото, стрелци, табела) ПРИМИЈА ГОЛ ОД ЦЕНТАР, ПА ДАДОА ЧЕТИРИ ГОЛА!

Дербито во Прилеп, од 3. рунда на Третата фудбалска лига – Југ, го доби Слога од Лажани со 4:1 врз домашниот Ултрас. На теренот со вештачка трева и покрај создадените шанси, првото полувреме заврши без голови. Гостите кога имаа иницијатива, се случи да примат гол со лоб-удар упатен од околу 45 метри, некаде во близина на кругот околу центарот. Така Ултрас поведе во 55. минута со голот на Христијан Свртиновски. Но, Слога брзо се среди и израмнувањето се случи во 61. минута, преку некогашниот играч на второлигашите Корзо, Руфеја и Братство Житоше, Музафер Алиоски.  Во 69. минута настана пресврт на 1:2, стрелец Белмин Кујовиќ, а на 1:3 со својот втор гол зголеми Музафер Алиоски во 80. минута. Конечните 1:4 во 83. минута ги постави Адмир Угљанин. Прв пораз на Ултрас, прва есенска победа на Слога.

ДРУГИТЕ РЕЗУЛТАТИ: Превалец – Марена 1:1 (Пеце Стојанов – Дарко Нацев), Големо Коњари – Питу Гули 1:0 (Мустафа Селманоски), Борец – Росоман 4:0 (Трајче Трајков 2, Милан Чичевски, Стефан Коџабанов), Локомотива – Бучин 5:0 (Робин Шабаноски, Агуш Шабаноски 2, Марјан Стефановски, Денис Мемков).

ТАБЕЛА: Борец 7, Ултрас и Големо Коњари по 6, Слога 5, Младост, Марена и Превалец по 4, Питу Гули, Росоман и Локомотива по 3, Бучин 0.

ИДНО 4. КОЛО (8 октомври во 14 ч.): Марена – Бучин, Слога – Локомотива, Росоман – Ултрас, Питу Гули – Младост, Превалец – Големо Коњари.

Од категоријата

ПРИЛЕПСКАТА НАДЕЖ АРИФИ КАКО ВЕТЕР КРАЈ ЕКССОИГРАЧОТ НА МБАПЕ!

Зоран Иге

ВТОРО ОДЛОЖУВАЊЕ

Зоран Иге

СЕ УШТЕ ТИВКО ВО ПОБЕДА

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе