Во Скопје Спартак – Деспина 24:22. Може да се каже дека е неочекуван поразот на прилепскиот тим, кој имаше убедливо позитивен биланс (6 победи и само 2 пораза) во досегашните дуели со овој ривал. По поразите од Стружанка на гости и од Металург дома, конечно се очекуваше првата есенска победа, со домаќинот кој исто имаше два пораза, на гости – од Металург и од Куманово. По првиот дел вчера беше нерешено 9:9, на крајот два разлика во полза на Спартак. Голема радост за домашните, со оглед и на тоа што ретко победуваат (претходната сезона имаа само 3 победи, а 21 пораз).
Во следната 4. рунда пак тешки натпревари – Спартак гостува на шампионот Ѓорче Петров, Деспина на вицешампионот Куманово.