Вечерва (19 ч.) почнува првенството од Втората кошаркарска лига на Македонија. Во салата на ОУ „Добре Јованоски“ во Прилеп е мечот меѓу новиот второлигаш Мега баскет и довчерашниот прволигаш Куманово 2009. Привлечен меч, гаранција дека трибината ќе биде исполнета до последноо седиште.
ДВОЈКИ ЗА 1. КОЛО: Мега баскет (Прилеп) – Куманово 2009, Партизан ВС (Скопје) – Маџари (Скопје), Куманово – Тетекс (Тетово), МЗТ уни (Скопје) – Соколи (Штип), Работнички (Скопје) – Борец баскет (Велес), Ангели (Скопје) – Шкупи (Скопје).