Наместо во сабота, викендов натпреварите од 8. рунда на Втората фудбалска лига на Македонија се во недела (утре). На Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп од 14 часот е дуелот Победа – Детонит. Главен судија е Александар Урошевиќ, помошници Дарко Јовчевски и Идриз Идризи (сите од Тетово), а делегат Илир Бектеши (Струга).
САБОТА 14 ч.: Осогово – Саса. НЕДЕЛА 14 ч.: Победа – Детонит, Охрид – Арсими, Пелистер – Скопје, Беса – Вардар Н., Тетекс – Караорман, Башкими – Кожуф, Беласица – Новаци.