Претходниов викенд беа натпреварите од 6. коло на Супер лигата на Македонија за млади категории фудбалери. Екипите од Победа за ривали ги имаа врсниците од клубот Скопје.
ПОМЛАДИ ПИОНЕРИ
Во мечот на игралиштето со вештачка трева во Прилеп, Победа – Скопје 3:3. Иако домашните водеа со 3:1, гостите успеаја да израмнат. Стрелци: Гоце Кузманоски, Давид Паскоски, Ненад Кузманоски (Победа) – Димитар Жајковски 2, Иво Марковски (Скопје).
РЕЗУЛТАТИ: Победа – Скопје 3:3, Брегалница – Беласица 4:0, Шкупи – Тетекс 5:0, Вардар – Македонија ЃП 3:0, Шкендија – Работнички 1:0, Пелистер – Брера 0:0.
ПОСТАРИ ПИОНЕРИ
Во Прилеп, Победа – Скопје 5:0. Стрелци: Дино Стефаноски, Кирил Тасески 2, Кристијан Шимановски (автогол), Димитар Шаркоски.
РЕЗУЛТАТИ: Победа – Скопје 5:0, Брегалница – Беласица 0:6, Шкупи – Тетекс 12:0, Вардар – Македонија ЃП 3:0, Шкендија – Работнички 1:2, Пелистер – Брера 2:1.
КАДЕТИ
Во Скопје, Скопје – Победа 1:5. Стрелци: Никола Јовановски (Скопје) – Давор Богевски, Давид Паскоски 2, Мартин Николоски, Салим Арифи (Победа).
РЕЗУЛТАТИ: Скопје – Победа 1:5, Беласица – Брегалница 0:3, Тетекс – Шкупи 1:4, Македонија ЃП – Вардар 2:1, Работнички – Шкендија 1:2.
МЛАДИНЦИ
Во Скопје, Скопје – Победа 0:5. Стрелци: Андреј Ристески, Амил Табаковиќ 2, Мартин Миланоски 2.
РЕЗУЛТАТИ: Скопје – Победа 0:5, Беласица – Брегалница 0:2, Тетекс – Шкупи 4:2, Македонија ЃП – Вардар 1:1, Работнички – Шкендија 3:1.
СЛЕДНО 7. КОЛО: Победа – Беласица, Пелистер – Скопје, Шкендија – Брера, Вардар – Работнички, Шкупи – Македонија ЃП, Брегалница – Тетекс.