Џудо

ТУРНИР ЗА ПАМЕТЕЊЕ ПРЕД ПОЛНА ТРИБИНА!

Зад нас е традиционалниот Меѓународен џудо-турнир „Прилеп град херој- Цевитана куп“ во организација на клубот Сеишин. Во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп беа борби пред полната трибина. Учество зедоа 300 џудисти во пионерска и кадетска категорија, преттавници на 31 клуб од 7 држави (Македонија, Црна Гора, Србија, Грција, Б и Х, Албанија и Косово).  Турнирот свечено го отвори градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески, а на него присуствуваа високи гости од областа на џудото, од земјава и од странство.

Најуспешни клубови по возрасни категории беа: Црногорац (Цетиње, Црна Гора) за помлади пионери, Сеишин (Прилеп) за помлади пионерки, Алексинац (Србија), за пионери, Миоки (Скопје) за пионерки, Алексинац (Србија) за кадети и Ипон (Пирот, Србија) за кадетки. Севкупен победник, со 27 медали е домашниот клуб Сеишин.

 

Од категоријата

НАСТОСКА И СТОЈКОВСКИ ОСВОИЈА ЗЛАТА ВО СТРУГА!

Зоран Иге

СОФИЈА ВО УБАВ СПОМЕН КАЈ МАТЕЈА И МИЛА

Зоран Иге

(фото) ТОРБА МЕДАЛИ ЗА ПРИЛЕПЧАНИТЕ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе