Утре (среда) е 6. рунда од ракометната машка Супер лига на Македонија. Во прилепската сала од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ од 18,30 часот е дуелот Прилеп – Голден арт. Интересен меч ако се земе предвид дека и двата ривала имаат по 6 бода. За прилепскиот состав е шанса за победа, по два врзани пораза, последниот од Мултиесенс во Скопје со 31:30. Судии се Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски, делегат Душко Камишевски – сите од Скопје.
Женскиот тим Деспина, по поразот со 28:17 во Куманово, на 22 октомври дома игра со шампионот Ѓорче Петров.