Во салата од ОУ „Добре Јованоски“ во Прилеп, Мега баскет – Маџари 59:72, во 3. рунда од Втората кошаркарска лига на Македонија. Мошне неочекуван, висок пораз на Мега баскет на домашен терен. Втор пораз во серија, по минатонеделниот со Сколи (80:73) во Штип. Прилепската публика очекуваше нови два бода за својот омилен тим, со оглед на почетниот триумф врз Куманово 2009, а имајќи предвид дека Маџари неодамна, пред пет месеци беше совладан во плуфиналето од третолигашкиот плеј-оф.
Вечерва по четвртини беше: 4:17, 19:14, 22:15, 14:26, така што пресудни беа првата и последната четвртина.
МЕГА БАСКЕТ: М. Костоски, Стевананџија 4, Трајковски 6, Здравевски 8, С. Костоски 6, Јаневски 13, Крстески 10, Стојчески, Тодороски 5, Домлевски, Захариевски 7. Тренер: Миле Станимировиќ.
МАЏАРИ: Тодоровски 12, К. Блажевски 20, Трифуновски, Исмани 9, П. Блажевски 8, Донаковски 6, Милков 12, Груевски 5, Костиќ, Обедниковски. Тренер: Перо Блажевски.
Во следното коло на 28 октомври: Маџари – Куманово 2009, Шкупи – Мега баскет.