Цел ден в недела, почнувајќи од 10 часот, во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп има пинг-понг за екипните првенства на Македонија. Станува збор за 8. и 9. коло, последните есенски. Во рамките на Супер-лигата шампионот Младост 96 прво игра со штипскиот Шампион ФА, потоа со Крива Паланка, што е дерби на непоразените. Тренерот Гоце Тошески ги има: Србинот Ѓорѓе Борчиќ, Антонио Стомнароски, Андреј Лашкоски, Александар Рикалоски и други… Вториот прилепски тим, Младост за ривали ги има Крива Паланка и Телеком нец 2. На табелата Крива Паланка и Младост 96 се со по 14 бода, пред Младост и Шампион ФА со 12, Телеком нец 2 има 11, Берово, Вардар и Пелагонија 9, Работнички 8, Крива Паланка 2007 има 7.
Се играат мечеви и од Првата лига. Таму третопласираниот Прилеп во 8. рунда игра со Берово 2, а во 9. со Дебар Маало од Скопје.