Викендов продолжуваат натпреварите од Супер лигата на Македонија за млади категории фудбалери. Во тие рамки се дуелите Победа – Македонија ЃП. В сабота, на теренот со вештачка трева во Прилеп, прво во 10 часот е мечот меѓу кадетите, а во 12 часот настапуваат младинците.
В недела во Скопје, прво од 10 часот се помладите пионери, во 12 часот постарите пионери.
ДВОЈКИ 9. КОЛО: Победа – Македонија ЃП, Шкендија – Скопје, Вардар – Пелистер, Шкупи – Брера, Брегалница – Работнички, Беласица – Тетекс.