Ракомет

ПРИЛЕП ПОМИНА ИСТО КАКО ПОБЕДА!

Неготино не е место за освојување бодови. Вечерва Вардар Н. – Прилеп 32:28, во 10. рунда од Б-групата на Супер-лигата на Македонија. Во Неготино и ракометарите на Прилеп поминаа исто како пред седум дена фудбалерите на Победа, со пораз. Пресудно беше првото полувреме кога домашните поведоа со 6 разлика, 18:12. Во второто полувреме настојувањата на прилепскиот состав да се доближи не беа доволни, така што на крајот четири разлика во полза на екипата од Неготино. Најефикасни – Мирослав Митевски и Лазар Адамовиќ со по 7, Александар Кериќ со 5.гола (Вардар Н.), а Христи Бикоски и Томислав Квастек со по 5 (Прилеп).

Од ова коло останува уште мечот Бутел – Мултиесенс.

ТАБЕЛА: Еурофарм Пелистер и Вардар С. 27, Пролет и Бутел 15, Голден арт 13, Прилеп 7, Мултиесенс и Вардар Н. 6.

СЛЕДНО 11. КОЛО: Вардар С. – Прилеп, Голден арт – Бутел, Еурофарм Пелистер – Вардар Н., Мултиесенс – Пролет.

 

Од категоријата

ПРИЛЕП ПРОТИВ ГОЛДЕН АРТ!

Зоран Иге

НЕ Е ИСТО БЕЗ ГОЛГЕТЕРОТ

Зоран Иге

(фото) ПРИЛЕП ИСПУШТИ ШАНСА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе