Ракомет

МЕРИ ГИЧЕВА: ЖЕЛБА МИ Е ДА БИДАМ ТРЕНЕР НА МАШКИ ТИМ!

Меѓу најдобрите спортисти на Прилеп на сите времиња несомнено е Мери Гичева, ракометарка која и на 39 години успешно настапува за Деспина, па оттука и секое нејзино појавување во медиумите привлекува внимание. При гостувањето на Радио Пела зборуваше за родовата еднаквост во ракометот.

– Ова ми е прва година да работам со пионерската екипа на Деспина. Сега треба и лиценците да ги земам, полека-полека да се надградувам. Затоа што никогаш нема да се простам од ракометот, по 25 години поминати со овој спорт. Целта ми е да бидам тренер, а ако бидам, ќе бидам на машка екипа. Тоа ми е една желба, една амбиција. Бидејќи, од првенството може да се забележи дека во Македонија нема жена-тренер на машки тим, освен кратко време што беше Андријана Будимир – рече Гичева.

Гичева како ракометарка настапуваше и за Тутунски комбинат, Жито Прилеп, во Грција, Романија и во Косово.

Целиот разговор со Мери Гичева на Радио Пела е на линкот

Од категоријата

РАКОМЕТ ВО ВТОРНИК

Зоран Иге

ВОДЕА 5 РАЗЛИКА, А НЕ ЗЕДОА НИ БОД!

Зоран Иге

СИЛЕН ОТПОР НА ФАВОРИТОТ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе