На ред е 7. рунда од Втората кошаркарска лига на Македонија, во чија рамка и дуелот Мега баскет – МКК Куманово. Се игра утре, сабота, во 19 часот, во салата од ООУ „Добре Јованоски“ во Прилеп. Гостува тимот кој есенва има само победи. Има ли некој што ќе му застане на патот? Од екипата Мега баскет велат дека ќе дадат максимум за да стигнат до победата. Не е исклучена и некоја новост во составот, засилување. Но, значааен играч за прилепскиот тим е – публиката. Сосема извесно е дека трибината ќе биде преполна со гледачи, кои што ќе го бодрат домашниот тим, кој есенва има две победи.
ДВОЈКИ 7. КОЛО: Мега баскет – МКК Куманово, Партизан Водно – Работнички, МЗТ Уни – Ангели, Куманово 2009 – Борец, Маџари – Шкупи, Соколи – Тетекс.
ТАБЕЛА: МКК Куманово 12, Шкупи и Маџари 11, Ангели 10, Соколи, МЗТ Уни, Борец и Партизан Водно 9, Мега баскет 8, Тетекс и Работнички 7, Куманово 2009 – 6.