Фудбал

НОВ СПОРТ „ВАЛКАЊЕ В КАЛ“ ВО КОЈ ПОБЕДА ПРИМИ 8 ГОЛА!

Во 13. рунда од Втората лига, Арсими – Победа 8:1. Во Тетово беше нов спорт „валкање в кал“. На тешкиот терен, каллив и покриен со снег, при обилни врнежи од снег, не можеше да се очекува ни фудбал ни тактика ни техника. Домашните беа далеку поборбени.поснаодливи и поамбициозни и уште во првото полувреме поведоа со 5:0. И во вакви, најтешки услови, правеа акции и голови иако на гостинскиот гол беше солидниот Иван Николоски. Второто полувреме прилепскиот тим намали на 5:1, но потоа прими уште три гола, наспроти серија одлични зицер-одбрани на нововлезениот голман Антонио Столевски, заслужен што поразот не беше уште повисок. Така се стигна до конечни 8:1. Стрелци: Стефан Спиркоски автогол, Шпенд Асани 2, Арѓент Гафури 2, Енсар Љума, Хузри Џемаили и Ајрадин Цуцили (Арсими), Бојан Ивчески (Победа).

РЕЗУЛТАТИ 13. КОЛО: Арсими – Победа 8:1, Детонит – Охрид 1:0, Кожуф – Саса 3:2, Караорман – Новаци 1:3, Вардар Н. – Беласица 1:0, Пелистер – Башкими 4:0, Беса – Тетекс и Скопје – Осогово в понеделник.

ТАБЕЛА: Беса 31, Детонит 29, Пелистер 27, Охрид, Беласица и Кожуф 20, Арсими и Новаци 19, Тетекс и Башкими 17, Победа и Вардар Н. 15, Скопје 12, Осогово 11, Караорман 10, Саса 7.

СЛЕДНО 14. КОЛО (2 декември во 13 часот): Победа – Пелистер, Охрид – Тетекс, Башкими – Беса, Осогово – Арсими, Беласица – Скопје, Новаци – Вардар Н., Саса – Караорман, Детонит – Кожуф.

Од категоријата

ВЕЧЕРВА СЕ БИТКИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ!

Зоран Иге

СУДИЈАТА УДРЕН ВО МАРЕНА, ГОЛЕМО КОЊАРИ СО ДВА ГОЛА МУ „ЧЕСТИТА“ НА ВАРДАР!

Зоран Иге

(ФОТО) ИГРАА ЗА КУП, МИСЛЕА НА ПРВЕНСТВОТО

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе