И тоа се случи – натпревар одигран во два дена. Почна во саботата, заврши денеска. Се работи за дуелот Цевитана – Топ гол, од 13. коло на Првата женска фудбалска лига на Македонија. Во саботата, на теренот со вештачка трева во Прилеп, поради невремето со снег беше прекинат мошне рано, во 19. минута. Резултатот 0:1 – битолчанките водеа со голот на Ивана Милевска. Денеска на истото место се доиграа останатите минути. Домашната Цевитана успеа да израмни на 1:1 со голот на Сара Евтинџиоска во 37. минута. Тоа е и конечниот резултат.
РЕЗУЛТАТИ: Цевитана – Топ гол 1:1, Истатов – Ас унитед 2:3, Скопје – Љуботен 0:3, Шкендија – Речица 4:0, Саса – Тиверија 0:0.
ТАБЕЛА: Љуботен 32, Саса 31, Тиверија и Ас унитед 29, Скопје 19, Истатов 15, Цевитана 13, Шкендија 10, Топ гол 6, Речица 2.
СЛЕДНО 14. КОЛО (2 декември): Ас унитед – Цевитана, Топ гол – Саса, Тиверија – Шкендија, Речица – Скопје, Љуботен – Истатов.