Кошарка

(фото, видео, состави) ДРАМА ВО ПРИЛЕП: СЛОБОДНИ ФРЛАЊА ГО ДАДОА ПОБЕДНИКОТ!

Во 11.  рунда, последна есенска од Втората кошаркарска лига на Македонија, Мега баскет – Работнички 80:82, победа на гостите од Скопје.  Беше вистинска драма на овој меч, каде резултатот се одвиваше според четвртините: 21:20, 22:23, 19:18 и 18:21. Драмата кулминира во последните секунди, кога прилепскиот тим имаше водство од 80:78, а гостите беа во напад. При тој напад, на 0,7 секунди до крајот Марко Црнокрак биеше, погоди за израмнување, изнуди и слободно фрлање. Резултатот се сврти од 80:78 на 80:80 и со реализираното слободно фрлање на 80:81. Имаше реакција од домашните за досуденото дополнително слободно фрлање, па судиите досудија уште едно, исто реализирано за 80:82. Останатата нецела секунда беше прекуса за Мега баскет да организира ефикасна акција, така што последниот брз шут не влезе во кошот и остана за конечен резултат 80:82.

МЕГА БАСКЕТ: Стевананџија 22, Петрески, Здравевски 4, Велески 30, Настески 2, Јаневски 11, Костоски, Стојчески, Домлевски 7, Захариевски 4, Стевановски, Митрески. Тренер: Миле Станимировиќ.

РАБОТНИЧКИ 2018: Гоцевски 27, Црнокрак 14, Романов, Балоски 9, Павловски 5, Антовски 4, Димовски, Деспотовски, Симиќ 4, Нешовиќ, Саити 19. Тренер: Оливер Тасков.

РЕЗУЛТАТИ: Мега баскет – Работнички 80:82, Куманово 2009 – МЗТ Уни, Тетекс – Борец 73:68. ВЧЕРА: Соколи-Водно 125:100, Маџари – Ангели 76:68, Шкупи – МКК Куманово 60:82.

ТАБЕЛА

ВИДЕО НА ЛИНКОТ:

Од категоријата

ДО ПОСЛЕДНАТА МИНУТА!

Зоран Иге

ПРИЛЕПСКИОТ ТИМ СО ПЕТМИНА НОВИ ПОЧНУВА УТРЕВЕЧЕР!

Зоран Иге

РАЗИГРАНИ ПРИЛЕПЧАНИ (фото)

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе