Интересни се нокаут-мечевите од Хуманитарниот турнир во мал фудбал „Свети Никола„ во Прилеп. Синоќа, во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, се одиграа првите четири осминафинални натпревари. За одбележување е новиот успех на Могила, високите победи на Лимонада и Компанија „Атанасовски“.
РЕЗУЛТАТИ:
Портал БТ – Лимонада 0:5
Компанија „Атанасовски“ – Скара „Кај Балче“ 9:1
Могила – За наш Прилеп 1:1 (2:0 на пенали)
Инекс Олгица – Брест хем 3:5
И денеска гледачите ќе уживаат во нокаут-мечевите.
РАСПОРЕД – ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА ВЕЧЕРВА (СРЕДА):
18:00 Љупче Автоконтрол – Бест солар/Тагас Балкан
19:00 Теа Андреа/Хајв кафе – Џулијано
20:00 АСП Пак – Фенербахче
21:00 Гостилница „Кај Мече“ – Ла страда