Денеска се полуфиналните пресметки на Хуманитарниот турнир во мал фудбал „Свети Никола“ во Прилеп. Салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ ќе биде исполнета до последното место, како и претходните денови.
РАСПОРЕД ЗА ДЕНЕСКА – ПЕТОК:
18:00 Прв ревијален меч: Ветерани „Прилеп“ – Ветерани „Паркетар Горан“
19:00 Прво полуфинале: АСП Пак (Охрид) – Бест солар/Тагас Балкан (Крушево)
20:00 Втор ревијален меч – жени: Цевитана (Прилеп) – Топ гол (Битола)
21:00 Второ полуфинале: Теа Андреа/Хајв кафе (Прилеп) – Компанија Атанасовски (Скопје)
Претстои спектакл. Настапуваат најдобрите четири екипи, во кои има големи мајстори и на големиот фудбал. Еве ги составите:
АСП ПАК (Охрид): Наум Тауловски, Дејан Милошевски, Мишо Ѓорѓиовски, Никола Секуловски, Боге Бимбиловски, Христијан Петкоски, Шенол Меди, Шикан Исмаил, Бошко Наумоски, Нико Пластиноски.
БЕСТ СОЛАР/ТАГАС БАЛКАН (Крушево): Васко Петкоски, Оливер Велески, Антонио Димоски, Борче Сркески, Бојан Миланов, Бојан Мораво, Енис Фазлиовски, Онур Имеровски, Петар Симоновски, Ѓорѓи Стрезоски.
ТЕА АНДРЕА/ХАЈВ КАФЕ (Прилеп): Јорданчо Наумоски, Мартин Никовиќ, Марио Наумоски, Димитар Чоков, Антонио Столевски, Давид Јошески, Дарко Анѓелески, Марјан Ристески, Благоја Спиркоски, Дарко Илиески.
КОМПАНИЈА АТАНАСОВСКИ (Скопје): Андреј Јаневски, Михајло Митрев, Стефан Богдановски, Александар Божинов, Лазар Пеев, Кристијан Ристески, Виктор Ристески, Никола Спасоски, Димитар Јанев, Бојан Јанев.
РЕЗУЛТАТИ ОД ЧЕТВРТФИНАЛЕТО:
Лимонада – Компанија „Атанасовски“ 2:3
Брест хем – АСП Пак 1:7
Бест солар/Тагас Балкан – Гостилница „Кај Мече“ 5:2
Теа Андреа/Хајв кафе – Могила 3:1