Од денеска (15 јануари) почнува зимскиот преоден рок за сите рангови во машкиот, женскиот фудбал и футсалот, сите во системот на Фудбалската федерација на Македонија. Иако веќе еден месец се зборува за разговори, преговори и договори, дури сега, официјално, ќе може да се знае кој играч што решил – дали да остане или да ја смени средината. Во рамките на ОФС Прилеп се 8 клуба од Општинската лига А-група, 9 клуба од Општинската лига Б-група, 6 од Третата лига – Југ, 1 од Втората лига, 1 од Првата женска лига, 1 од Втората футсал-лига, како и повеќе фудбалски школи.
Зимскиот преоден рок завршува на 11 февруари.