Европското првенство за пингпонгари до 21 година ќе се одржи во Скопје од 24 до 28 јануари, а тоа е можност за учество на нашите најдобри до оваа возраст во овој спорт. И од прилепскиот клуб Младост има кандидати, така што се очекува да биде објавено дали еден или двајца ќе настапат на ова значајно меѓународно натреварување во салата на СЦ „Јане Сандански“. Во Младост младите пингпонгари работат со тренерот Зоран Јованоски.
Според најавите, Македонија на Европското ќе има двајца претставници во машка и двајца во женска конкуренција.