70 години ракомет во Прилеп

ВО ПРИЛЕП ДОЈДЕ НАЈДОБРАТА СВЕТСКА РАКОМЕТАРКА!

Кога имаше избори на најдобрите од 20 век, за најдобра ракометарка на светот беше избрана Светлана Китиќ, репрезентативка на Југославија и членка на белградски Раднички. Таа гостуваше во Прилеп на 12 октомври 2011 година, по повод мечот Жито Прилеп – Раднички, во рамките на Регионалната женска ракометна лига. Беше во улога на директор на клубот Раднички.

– Искрено, би сакала сопственик кој финансира сé, како во Жито Прилеп. Условите се одлични, клубот има своја сала, хотел и не се грижи за инфраструктурата. А ние плаќаме скапи станови, исхрана и термини. Тешко е без спонзор, па финансираме јас и сопругот – рече тогаш Светлана Китиќ.

Дуелот Жито Прилеп – Раднички во Универзалната сала (тогаш „Спортска арена „Сонце“), заврши со убедлив триумф на прилепскиот тим со 31:22.

Од категоријата

КАКО СЕ НАСОБРАА 4000 ГЛЕДАЧИ В САЛА?

Зоран Иге

ВО РАКОМЕТ ПРИМИЈА САМО 7 ГОЛА И ПАК – ЗАГУБИЈА!

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНИ ГОСТИ ВО ФРАНЦИЈА

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе