Ракометот некогаш се играше на отворено. Според хроничарот на овој спорт, новинарот Миле Талески, во 40-те и 50-те години од 20 век голем ракомет има на фудбалскиот терен од Градскиот стадион „Гоце Делчев“, а малиот почнува кај Участокот. По година – две преместувањето е кај Откупот на Т. Комбинат, каде се игра во ѓубре и прашина. Набргу е избрана нова локација зад денешната Универзална сала. Потоа се менуваат уште три места: Полигонот зад старата Библиотека, зад Гимназијата и кај Вишата економска школа,
– При пороен дожд, мечот прекинуваше и по расчистувањето продолжуваше на минимални услови, да скока топката. Наврнатите играчи правеа акции преку вирови, голманите се фрлаа во вода. Претежно времето беше убаво, но помнам и такви мечеви, при дожд – вели Талески.
Проблемите со дождот престанаа со отворањето на Универзалната сала во 1976 година.