70 години ракомет во Прилеп

ВО РАКОМЕТ ПРИМИЈА САМО 7 ГОЛА И ПАК – ЗАГУБИЈА!

Некогаш чудни беа резултатите во ракометот, гледајќи ги од денешен агол. Сега не е никакво чудо на еден меч да се постигнат над 70 гола, а пред пет-шест децении тоа беше невозможно. Тогаш беше нормално да се дадат и до десетина гола. Така, во првенството 1961/62 од Охридската зона на Републичката лига на Македонија, во Белчиште  домашниот тим Славеј со 7:3 ја совлада прилепска Победа. За ова, новинарот Миле Талески во книгата „Монографија за прилепскиот ракомет“ пишува:

„Како куриозитет на оваа сезона, може да се земе тоа дека еден натпревар ракометарите на Победа одиграа на снежен терен. Тоа се случи на 29 ноември 1962 во село Белчишта, против домашниот Славеј. Домашните ја извојуваа првата победа, но со тоа повеќе добија гостите од Прилеп, бидејќи по натпреварот падна честало.“

За Победа, која 3 меча доби – 2 загуби, настапија: Ѓорѓи Тасески, Живко Костоски, Орде Магдески, Симон Мерипушкоски, Орде Котески – Туте, Миодраг Тасески – Гана, Круме Николоски – Кумата, кирил Јорданоски, Борис Младеновиќ – Србо, Методија Димески, Ѓорѓи Талески – Шишко, Орде Тренкоски – Сувио и Здравко Ачкоски, а тренер беше Мице Лашкоски.

Од категоријата

БОРБА ЗА ТИТУЛА ПРЕД ДА ПОЧНЕ ПРВЕНСТВОТО!?

Зоран Иге

ПРВО ПРВЕНСТВОТО ПОЧНА, ПА КЛУБОТ СЕ ФОРМИРА!

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНИ ГОСТИ ВО ФРАНЦИЈА

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе