Фудбал

(резултати, состави) ПРИЛЕПЧАНИ СО КРЕНАТИ ГЛАВИ ОД ТЕТОВО!

Во денешната 16. рунда од Втората фудбалска лига на Македонија, Тетекс – Победа 0:0. Прилепскиот тим успеа да освои бод во Тетово, втор во првенството, по првиот есеноска во Гевгелија со Кожуф. Играта во одбрана цврста, а во преден план несовладливиот голман Антонио Столевски. Меѓутоа, тимот беше опасен и во напад, со двете убави шанси на Амил Табаковиќ и Давид Дебрешлиоски. Овој исход е многу важен за подмладениот тим на Победа, за самодоверба во пресрет на следните дуели во борбата за пласман во средината од табелата.

– Ова е за нас голем бод, голем како планина – велат од таборот на Победа.

ТЕТЕКС: Анѓелковски, Ристески, Мат. Софијаноски, Салији, Здравковски, Јамини (86. Демир), Алексовски, Елмази, Чурлинов, Јусуф, Мар. Софијаноски (69. Елмази). Тренер: Стојан Тодоровски.

ПОБЕДА: Столевски, Сарески (62. Д. Шаркоски), Г. Димоски (85. М. Талески), Д. Дебрешлиоски (53. И. Трајкоски), Табаковиќ (62. Арифи), Поп-Антоски, Ристов, Ивчески, Кофиловски, Да. Спиркоски, Богевски. Тренер: Јане Николоски.

РЕЗУЛТАТИ: Тетекс – Победа 0:0, Охрид – Башкими 0:2, Беса – Осогово 3:0, Пелистер – Беласица 3:0, Арсими – Новаци 2:0, Скопје – Саса 1:0, Вардар Н. – Детонит 2:0, Караорман – Кожуф 1:0.

ТАБЕЛА: Беса 43, Пелистер 36, Детонит 35, Арсими 26, Скопје 24, Кожуф и Охрид 23, Новаци 22, Вардар Н. и Башкими 21, Беласица 20, Тетекс 19, Победа 16, Караорман 14, Осогово 12, Саса 8.

СЛЕДНА 17. РУНДА (24 февруари во 14 ч.): Победа – Башкими, Караорман – Охрид, Кожуф – Вардар Н., Детонит – Скопје, Саса – Арсими, Новаци – Пелистер, Беласица – Беса, Осогово – Тетекс.

  

 

Од категоријата

РАДОСТ ЗА ГОЛ СО ФРЛАЊЕ ШИШЕ В ТЕРЕН!

Зоран Иге

СО ЖДРЕПКА КОМПЛЕТИРАНА Е ВТОРАТА ЛИГА СО 16 ТИМА!

Зоран Иге

(резултати, стрелци, табела) ПОБЕДА ЧЕТИРИПАТИ ВОДЕШЕ ЗА ПРВ ГОСТИНСКИ БОД!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе