Во Тетово гостуваше Победа, а резултатот е неочекуван, 7:0 за домашните, во 13. рунда од Втората футсал-лига на Македонија, Неочекуван е затоа што пред мечот двете екипи имаа освоено по 13 бода. Сепак, тетовчаните дадоа дури 7 гола, од 2. до 35. минута. Досега најтешкиот пораз на Победа е од лидерот Проект, 3:12.
РЕЗУЛТАТИ: Шкендија – Победа 7:0, СЕЕ Университи – Енхалон 5:4, Каршијака – Проект 0:4, Јувентус – Партизан 6:4, Кратово – Мал Ајакс 7:2, Балкан – Конзули 9:6, Скопје – Кораби 5:7.
ТАБЕЛА: Проект 36, Кораби 31, Јувентус 30, Енхалон 21, Партизан 20, Кратово 19, Шкендија и Университи 16, Балкан 15, Победа, Каршијака и Конзули 13, Мал Ајакс 12, Скопје 10.
СЛЕДНА 14. РУНДА: Јувентус – Победа, Енхалон – Кораби, Скопје – Конзули, Балкан – Мал Ајакс, Кратово – Партизан, Шкендија – Проект, Каршијака – Университи.