Фудбал

ГОЛОВИ НА СЕКОЈА ВТОРА МИНУТА!

Фудбалот се игра за голови, тоа публиката го сака, а токму нив ги имаше на мечот Јувентус – Победа, од 14. рунда на Втората футсал-лига. Паѓаа безмалку на секоја втора минута. Во салата „Чаир“ во Скопје домашните победија со 13:3, а стрелци беа: Армандо Алијевиќ 2, Омер Османи 4, Еркан Шабани 3, Амет Бајрам 1, Абдулах Хасани 2, Фестим Аџами 1 (Јувентус), Стефан Спиркоски 1, Нермин Каришик 2 (Победа). И следниот меч (недела, 19,30 ч.) за Победа е тежок, дома со Кратово.

ДВОЈКИ: Победа – Кратово, Каршијака – Енхалон, Университи – Шкендија, Проект – Јувентус, Партизан – Балкан, Мал Ајакс – Скопје, Конзули – Кораби,

ТАБЕЛА: Проект 36, Кораби 34, Јувентус 33, Кратово 22, Енхалон 21, Партизан 20, Балкан 18, Шкендија, Университи и Каршијака 16, Победа, Скопје и Конзули 13, Мал Ајакс 12.

Од категоријата

(фото) ТЕРЕНОТ ГОЛЕМ, СИЛИТЕ МАЛИ, РЕШИЈА – ПЕНАЛИ!

Зоран Иге

(фото) ПОБЕДА ТРГНА СО 20 ФУДБАЛЕРИ!

Зоран Иге

ДЕНЕСКА УБАВ КРАЈ НА СЕЗОНАТА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе