Фудбал

(фото) ВО ПРИЛЕП ШЕСТ ГОЛА ДО 51. МИНУТА, ПОТОА НИЕДЕН!

Почна пролетниот дел од Првата женска фудбалска лига на Македонија. Во Прилеп Цевитана – Љуботен 0:6. Сосема очекуван исход, со оглед на тоа што домашниот тим е подмладен, а гостинскиот е актуелен шампион и лидер на табелата. Интересно е тоа што головите беа постигнати до 51. минута, а потоа ниту еднаш не се затресе домашната мрежа.

Во Цевитана настапи само една од странство (голманката Иман Шљиво од Босна и Херцеговина), а за Љуботен одиграа пет фудбалерки (Бразилките Присцила Едите, Наталија Силва, Рафаела Мартинс, Викторија Алваренга и Харуми Гоја). Стрелци: Присцила Едите 2, Наталија Силва 2, Павлинка Николовска 1, Викторија Алваренга 1.

РЕЗУЛТАТИ 15. КОЛО: Цевитана – Љуботен 0:6, Ас унитед – Топ гол 4:0, Истатов – Речица 1:2, Шкендија – Саса 0:3, Скопје – Тиверија утре,

ТАБЕЛА: Љуботен 38, Саса 37, Ас унитед 35, Тиверија 32, Скопје 22, Истатов 15, Цевитана 13, Шкендија 10, Топ гол 6, Речица 5.

СЛЕДНО 16. КОЛО: Речица – Цевитана, Топ гол – Шкендија, Саса – Скопје, Тиверија – Истатов, Љуботен – Ас унитед.

Од категоријата

ПРИЛЕП: ДЕРБИ СО ТРАДИЦИЈА ОД 15 ИЛЈАДИ ГЛЕДАЧИ!

Зоран Иге

РЕМИ НА ПОБЕДА ВО СКОПЈЕ

Зоран Иге

ИГРАШЕ ЗА ПОБЕДА, СЕГА И ДАДЕ ГОЛ НА ЧЕШКА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе