Пинг-понг

ПРИЛЕПЧАНИ НА БОД ДО ВРВОТ!

Во Скопје во СЦ „Јане Сандански“, со 10. рунда, започна пролетниот дел од Супер-лигата на Македонија. Двата прилепски претставника постигнаа победи.

Екипата Младост96, актуелен државен првак, со 4:2 го совлада вицешампионот Телеком Нец 2 од Скопје. Играч на натпреварот – Андреј Лашкоски со две победи, додека по една извојуваа Антонио Стомнароски и Србинот Ѓорѓе Борчиќ. Резерва беше Лука Огненоски.

Екипата Младост со истиот резултат, 4:2, беше подобра од битолска Пелагонија. По две победи за прилепскиот тим постигнаа Лука Стојчев и Нико Доага. Во тимот се уште Зоран Јованоски и Софија Хасану.

РЕЗУЛТАТИ: Берово – Вардар 3:4, Работнички – Крива Паланка 2007 – 3:4, Пелагонија – Младост 2:4, Крива Паланка – Шампион ФА 4:0, Крива Паланка – Берово 4:2.

ТАБЕЛА: Крива Паланка 20, Младост 96 19, Телеком нец 2 – , Младост и Шампион ФА 16, Вардар и Пелагонија 14, Берово 13, Работнички  и Крива Паланка 2007 – 11.

СЛЕДНО 11. КОЛО (31 март): Крива Паланка – Берово, Шампион ФА – Телеком нец 2, Младост 96 – Пелагонија, Младост – Работнички, Крива Паланка 2007 – Вардар.

Во Првата лига за мажи Прилеп со 0:4 загуби од лидерот Астраион од Струмица. Во следното коло Прилеп игра со скопски Студент.

 

Од категоријата

СОВЕТОТ НА ЃОКОВИЌ КАЈ НАШАТА СОФИЈА!

Зоран Иге

ПРИЛЕП Е МЕГДАН ЗА УЧЕСНИЦИ ОД 6 ДРЖАВИ!

Зоран Иге

ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ДОАЃАЊЕ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе