Ракомет

ПРИЛЕПЧАНКИТЕ ОДИГРАА НАЈДОБРО ВО ПОСЛЕДНИТЕ 10 ГОДИНИ!

Екипата Деспина со 23:24 загуби од Куманово, во 17. коло од Супер-женската ракометна лига на Македонија. И покрај поразот, може да се каже дека изданието на прилепскиот тим е едно од најдобрите во последните 10 години. Така е затоа што во овој долг период Куманово секогаш победува, многупати со двоцифрен број разлика, а ретко се случува да биде само еден гол. Последен пат, еден разлика, дури и со истиот резултат (23:24) беше  на 7 април 2018.

На последниов дуел, не само што Деспина даде силен отпор, туку и водеше со 5 гола разлика (17:12). Но гостинките во финишот се изборија за пресврт и со последниот гол стигнаа до победата од 24:23. Најдобри стрелци: Ангела Камческа 7, Сања Цветкоска 6 (Деспина) – Сузана Зечевиќ 9, Јана Шошевска 5 (Куманово).

ТАБЕЛА

Во следната рунда: Куманово – Астибо, Ѓорче Петров – Деспина.

 

Од категоријата

ЗАЛЕТАНИОТ ВАРДАР ГОСТУВА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ДЕНЕСКА РАКОМЕТНА БИТКА ВО 15 ЧАСОТ!

Зоран Иге

ПРИЛЕП ЗЕДЕ ТРИ БОДА ОД НЕГОТИНО

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе