По фудбалот, кошарката, ракометот, тенисот и други спортови, ВАР-систем е на повидок и во шахот. Пробно е употребен во Белград, на Меѓународниот велемајсторски турнир за шахистки. На турнирот, на кој беа учеснички од Србија, Украина, Кина, Полска и Индија, ВАР-системот очекуваше спорни ситуации, како на пример – допрена, а непоместена фигура.
Заклучоци околу ова се чекаат од Светската шаховска федерација (ФИДЕ).